среда, 28. јули 2021. Вести денес: 158
home Регион

Делта сојот на коронавирус пристигна на Косово

Делта сојот на коронавирус пристигна на Косово

-На територијата на Косово потврдени се два случаи на делта сојот на коронавирус, кој прв пат е откриен во Индија, соопшти Министерството за здравство од Приштина.

Министерството на Фејсбук наведе дека двата случаи на коронавирус се регистрирани помеѓу 22 тестирани примероци, кои се испратени на тестирање на Институтот за вирологија на Универзитетската клиника „Чарти“ во Берлин, Германија.

Од Министерството наведуваат дека двајцата заразени покажувале симптоми, но дека веќе оздравеле и дека нивната изолација завршила.

Оттаму додаваат дека екипи на Институтот за јавно здравје од Приштина веќе ги откриле „сите можни извори и контакти“ со цел да се спречи понатамошното ширење на овој вид на коронавирус.

Коронавирус