среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 2
home Регион

Декларација на претседателите од групата „ Араиолос“: Потребна е силна Европска унија

Декларација на претседателите од групата „ Араиолос“: Потребна е силна Европска унија

Потребна ни е силна, инклузивна Европска унија со главни темели, нејзините граѓани и земјите членки, пишуваат претседателите на државите од групата „Араиолос“ во нивната заедничка декларација по 15-от неформален самит што вчера се одржа во грчката престолнина, jави дописничката на МИА од Атина.

Во заедничката декларација, претседателите на Бугарија, Германија, Естонија, Ирска, Италија, Хрватска, Летонија, Малта, Унгарија, Полска, Португалија, Словенија и домаќинот Грција ги споменуваат и последните европски избори за кои велат дека „испратија позитивна порака за иднината на Европа, бидејќи изразија јасен проевропски дух“.

-Потребна ни е силна, инклузивна Европска унија, Унија која има заеднички институции, Унија која постојано ја оценува својата работа на критичен начин и е способна самата да се реформира, Унија заснована на нејзините граѓани и на нејзините земји-членки, како нејзини основни темели. На оваа Европа ѝ треба динамична политичка дебата за најдобриот пат напред, почнувајќи од Римската декларација од 25 март 2017 година. Европа е во позиција да издржи многу широк спектар на различни погледи и иновативни идеи. Враќање на Европа во која земјите не се повеќе рамноправни партнери, туку противниците мора да се избегне, бидејќи тоа би довело до заживување на блиски конкурентни интереси, заживување кое е штетно за градењето заедничка и одржлива иднина на кревката планета, пишува во декларацијата.

Претседателите коментираат дека ЕУ во изминатите месеци, повеќе од кога било се соочува со сериозни предизвици, додаваат дека за одредени прашања може да има различно ставови меѓу граѓаните и владите на земјите членки, но сите се согласни дека неопходна е обединетост.

-Само силна заедница, што работи заедно е во позиција да се соочи со глобалните предизвици на нашето време. Последиците од климатските промени, тероризмот, економската глобализација и миграцијата не застануваат на националните граници, како и соодветни мерки за нивно решавање. Ќе успееме успешно да се справиме со овие предизвици и да продолжиме на патот кон економска и социјална интеграција и развој, само ако работиме заедно како рамноправни партнери на институционално ниво, додаваат претседателите на 13те држави од групата „ Араиолос“.

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, на крајот од Самитот рече дека декларацијата доаѓа во многу критично време, време кога мирот е ставен на тест „за да покаже дека Европа не треба да остане на маргините кога постојат воени операции во нејзина близина“.

-Голем е јазот што се создаде кога Европа остава да се повредува, да се прекршува меѓународното прави, толку многу, толку длабоко, така неразумно. Не можеме да останеме рамнодушни, имаме долг да ги браниме основните

столбови што водат кон европско обединување: претставничка демократија заедно со владеењето на правото и основните човекови права и основните

– Принципи на солидарност и правда, рече Павлопулос.

Претседателите на Бугарија, Германија, Естонија, Ирска, Италија, Хрватска, Летонија, Малта, Унгарија, Полска, Португалија, Словенија и домаќинот Грција, по вчерашната еднодневна дискусија на тема „Основниот принцип на солидарност како клуч за продлабочување на Европската унија и за дополнително промовирање на Европската интеграција: кои дополнителни чекори се потребни?“, закажаа нова средба во октомври 2020 во Лисабон.