четврток, 25. април 2019. Вести денес: 9
home Регион

Деца од море извлекле змија долга 2,5 метри (ФОТО)

Деца од море извлекле змија долга 2,5 метри (ФОТО)

Пет момчиња во Шибеник извлекле од морето змија долга 2,5 метри. Ветеринарите прво не можеле да кажат за кој вид станува збор, а потоа утврдиле дека во прашање е зелена анаконда.

Змијата ја забележало едно од момчињата, а потоа сите заедно ја извлекле, пренесе „Слободна Далмација“.

Ветеринарската служба во Шибеник не можела да потврди за кој вид на змија се работи и дали е отровна, но било утврдено дека не припаѓа на ниту една домашна змија, како и дека умрела пред да заврши во морето, се наведува во соопштенито.

Се претпоставува дека рептилот бил чуван ако домашно милениче, кое умрело, па било фрлено во морето.

Со оглед дека телото на змијата е сочувано, ветеринарите заклучиле дека не била долго во водата. Случајот е пријавен во полиција, која ќе спроведе истрага.