недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Регион

„Данас“: ЕП бара Белград да не се меша во работата на медиумите

„Данас“: ЕП бара Белград да не се меша во работата на медиумите

Европскиот парламент „силно ги охрабрува“ српските власти да ги засилат напорите за унапредување на сосотојбата со слобода на изразувањето и медиумите, се наведува во компромисниот извештај на известувачот за Србија, Дејвид Мекалистер.

Како што објави белградскиот весник „Данас“, во извештајот на Мекалистер се нагласува дека заканите, насилството и заплашувањето на новинарите и медиумите, вклучително и вознемирувањето и заканите со судските процеси, „остануваат тема за загриженост“ во Србија.

Европскиот парламент ги повикува официјалните лица во Србија да бидат доследни во јавното осудување на каква било форма на заплашување на новинарите и да се воздржат од мешање во работата на новинарите и на медиумите, што се однесува и за изборните кампањи.

За компромисните амандмани, Комитетот за надворешна политика на ЕП ќе расправа на денешната седницата во Брисел, за која се доставени над 200 амандмани, а усогласени се само 30.

Во усогласените амандмани се истакнува важноста на „работата на опозицијата во демократија” и се нагласува дека „опозициските политичари не треба да бидат предмет на клевета”.

Воедно се предупредува дека „јавните дискурси на одредени политичари се злоупотребуваат за да се поттикне растот на радикализмот“.

Коронавирус