четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 43
home Регион

„Дан“: Пет тони кокаин во Солун биле наменети за которскиот клан

„Дан“: Пет тони кокаин во Солун биле наменети за которскиот клан

Повеќе од пет тони кокаин од бродот Ареса требало да бидат доставени во Солун, од каде требало да биде преземен од членови на корторскиот клан, објави подгоричкиот весник „Дан“. Холандската полиција ја заплени дрогата.

Полицијата се уште не утврдила на кој од двата которски клана припаѓаат лицата кои биле задолжени да ја преземат дрогата во Грција. Пратката се поврзува и со убиството на водачите на Шкаљарскиот клан Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во Атина, посочуваат грчките медиуми.

На бродот Ареса во Венецуела беа уапсени четворица црногорски државјани, што било дел од повеќемесечна меѓународна акција, иницирана од црногорската полиција.

Коронавирус