четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Регион

Дали и вие припаѓате во неа? Грција посакува само една група странци, и тоа засекогаш!

Дали и вие припаѓате во неа? Грција посакува само една група странци, и тоа засекогаш!

Грција подготвува поразлична политика во однос на туризмот и општеството во однос на некои други европски земји. Наместо млади студенти и претприемачи со идеи за бизнис и развој на економијата, Грција бара пензионери од европските земји

Нивната логика е многу јасна – сакаат пензионерите од разни земји од Стариот континент трајно да се преселат во Грција, а за истите нуди значајни олеснувања.

Оваа нација игра на карта на добрата клима и преубавата природа, море, зеленило.

Иницијативата која што е наведена во планот и законот кој што оваа седмица ќе биде претставен во парламентот, предложува единствена стапка на данок на доход од седум отсто за странските пензионери.

Значи, додека останатите држави ги привлекуваат младите луѓе, да учат, работат и да допринесат во нивната економија, Грција има спротивна политика.

„Гардијан“ пишува дека грчките власти сакаат да создадат бренд „Грција“, како и дека пензионерите кои што по правило не работат, никому не му се закана ниту пак конкуренција.

Освен докази за пензиски статус, кандидатите за оваа програма мора да потекнуваат од земји кои што имаат договор за двојно одданочување со Атина и мора да се согласат да живеат во Грција повеќе од шест месеци секоја година.

Коронавирус