вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Дачиќ: Србија ќе дозволи влез на Косово во ОН „кога врбата ќе роди грозје“

Дачиќ: Србија ќе дозволи влез на Косово во ОН „кога врбата ќе роди грозје“
epa06986260 Serbian Foreign Minister Ivica Dacic smiles as he arrives for the informal meeting of foreign affairs ministers at the Hofburg Palace in Vienna, Austria 31 August 2018. Austria hosts a two-day informal meeting of foreign affairs ministers in Vienna on 30 and 31 August. Austria took over its third Presidency of the European Council from July 2018 until December 2018. EPA-EFE/FLORIAN WIESER

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека Србија ќе го признае Косово и ќе се согласи на неговиот прием во Обединетите нации „кога врбата ќе роди грозје“.

На прием во Грчката амбасада во Белград, Дачиќ изјави дека Србија секојдневно добива разни пораки од Косово, кои се „надвор од реалноста“, односно дека се бара менување на границите, но без никакви територијални отстапки од косовска страна.

– Ни велат дека не сакаат корекција на границите, а сакаат да ги добијат Прешево и Бујановац? Многу биле паметни. Знаете кога ќе се случи тоа, кога Косово и Метохија ќе влезат во ОН и ќе ги признаеме како држава? Кога врбата ќе роди грозје, изјави Дачиќ пред новинарите.

Дачиќ изјави дека една од опциите кои се спомнуваат од косовска страна е Србија да го признае Косово, а за возврат мнозински српските општини на северот на Косово да добијат одредено ниво на автономија во управувањето, што, според него, исто така не е прифатливо.

(Миа)

Коронавирус