сабота, 28. март 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Дачиќ потврди дека има заразени лица со Ковид-19 во српската Влада

Дачиќ потврди дека има заразени лица со Ковид-19 во српската Влада

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска потврди дека државниот секретар во Министерството за животна средина Бранислав Блажиќ е заразен со новиот коронавирусот.

Дачиќ во изјава за локална телевизија рече дека Блажиќ присуствувал на состанокот на ресорниот комитет во Владата, во одборот и бил во контакт со други членови на комисијата.

– Имаме други вработени во Владата и во министерствата кои се заразени, рече Дачиќ, без да прецизира колку лица се инфицирани.

Белградски медиуми синоќа објавија за заразени со Ковид-19 во српската Влада, повикувајќи се на „извори запознаени со ситуацијата“.

Блажиќ е од Кикинда, град кој е едно од жариштата на епидемијата на новиот коронавирус во Србија.

Според српските медиуми, сите од Министерството за животна средина кои биле во контакт со Блажиќ сега се во изолација, а министерот Горан Триван само телефонски контактирал со генералниот секретар на неговото Министерство и со сите други со кои Блажиќ бил во контакт.

Блажиќ во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Белград.