четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Регион

Дачиќ откри детали од минатото: Ми бараа да го издадам Вучиќ пред две години, нема кој не ме бараше

Дачиќ откри детали од минатото: Ми бараа да го издадам Вучиќ пред две години, нема кој не ме бараше

Шефовите на опозицијата, како и луѓето блиски на лидерите на денешниот Сојуз за Србија бараа од мене да го издадам Александар Вучиќ на претседателските избори во 2017 година, изјавил претседателот на Владата и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија, кој е и коалиционен партнер на Српската народна артија веќе седум години, рекол дека не му било тешко да одговори негативно на таквите понуди.

„Кампањата беше на почеток, само што беа распишани претседателските избори, а телефонот не престана да ѕвони. Нема кој не ме бараше и се обидуваше да ме убеди да му свртам грб на Вучиќ“, вели Дачиќ.

Сите сакале само една работа вели тој – да го напушти Вучиќ во изборната кампања и ни он ни СПС да не го поддржат на изборите за претседател на Србија.

„Тоа беше лудо барање, еден беден обид да ме купат и валкана игра. Партијата која ја водам е од 2012 година во колација со партијата на Вучиќ. Поминавме многу заедно и се покажавме дека сме коректни партнери едни на други, дека секоја страна почитува се што ќе се договориме“, истакнал Дачиќ.

Прашан дали му било лесно да соработува со некој друг, наместо со Вучиќ, тој рекол: Никој никогаш нас не не дели, се бориме за интересите на Србија. Знам дека овде многумина, а и во странство би сакале да видат крај на владејачката коалиција. Што би рекол Милошевиќ, тоа ќе биде мало морген“.