петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Регион

„Да, точно е“ – српскиот пратеник чии деца убија старица откри што се случило со неговиот син

„Да, точно е“ – српскиот пратеник чии деца убија старица откри што се случило со неговиот син

Момчило Дујовиќ кој заедно со својата сестра 25-годишната Јелена Шпаговиќ беше уапсен на 6. јули поради брутално убиство на старицата Мајда Гровиќ од Земун е пуштен од затвор.

Најверојатно постои причина затоа, не се пушта од затвор туку така, рекол таткото на уапсените Момчило и Јелена, Саша Дујовиќ.

Тоа го потврдил и адвокатот на Дујовиќ, Небојша Мараш, но не сакал да открива детали од истрагата кои довеле до пуштање на неговиот клиент. Да потсетиме, Дујовиќ на сослушувањето рекол дека нема никаква врска со злосторството и поминал на полиграф.

Дека Момчило бил пуштен, потврдил и неговиот татко, поранешен пратеник и втор човек во Српска десница.

-Да, син ми е пуштен од затвор. А, зошто го пуштиле, веројатно постои причина, затоа што можеби не е виновен. Но не сакам нешто да кажам погрешно, тука се надлежните органи, кои се меродавни за тоа. Јас како родител секако чувствувам олеснување, син ми е на слобода, а што и како ќе биде понатаму, ќе видиме. Веројатно постои причина за тоа што излегол од затвор, не се пушта од затвор туку така – рекол Саша Дујовиќ.

Она на што засега полицијата се сомнева е дека Јелена Шпаговиќ на 15. јуни ја усмртила старицата, а потоа нејзиното тело го пренела во викенд-населбата кај Крчедина и го запалила во контејнер. Исчезнувањето на старицата го пријавил нејзиниот сопруг на 16. јуни кога се вратил во Земун од нивната викендичка во Карловчиќ, а нејзиното јагленисано тело го нашол мештанин четири дена подоцна во контејнер во Крчедина.

Коронавирус