среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 214
home Регион

ЦРВЕНИ ЗНАМИЊА: Мажи од Германија и Косово се удавија на плажите во Црна Гора

ЦРВЕНИ ЗНАМИЊА: Мажи од Германија и Косово се удавија на плажите во Црна Гора

Двајца мажи се удавија вчера на црногорскиот брег, јавуваат црногорските медиуми.

61-годишен германски државјанин се удави во морето кај Петровац, пренесува РТВ Будва.

Триесет и тригодишен маж од Косово се удавил на Големата плажа во Улцињ, пренесува порталот Ул-инфо.

Според порталот, денеска на големата плажа биле истакнати црвени знамиња, со што ги предупредиле гостите дека пливањето во морето е опасно, пренесува РТЦГ.

Локални избори 2021