четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Регион

Црвен метеоаларм во Хрватска

Црвен метеоаларм во Хрватска

На хрватското крајбрежје, црвен метеоролошки аларм е на сила поради силниот ветер југо, а пред се погодени се западниот брег на Истра, Кварнер и Кварнерниќ, како и северна, централна и јужна Далмација.

Загрепскиот и Карловачкиот регион исто така се под предупредување – жолто, заради поројните врнежи од дожд.

Фериботи и бродови линии што го поврзуваат Сплит со островите, се уште се во прекин и денеска, јавија хрватски медиуми.

Во прекин се и некои линии што ги поврзуваат Ријека, Задар и Дубровник со островите.