петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 160
home Регион

Црногорскиот терминатор денеска го преживеа и третиот атентат: После рафал и бомба, не го уби ниту куршум од снајпер

Црногорскиот терминатор денеска го преживеа и третиот атентат: После рафал и бомба, не го уби ниту куршум од снајпер

Крсто Вујиќ од Црна Гора е ранет во вооружен инцидент кој се случил денеска околу 13:45 часот.

Вујиќ не е во животна опасност, а како што со соопштиле од полицијата нивните службеници интензивно работат на решавање на случајот.

-Пациентот е клинички стабилен. Примен е со прострелна рана на левата надколеница. Во тек е дијагностика, кратко информирале од болницата каде што се лекува.

Радио Херцег Нови јавува дека Вујиќ во моментот на пукањето се наоѓал во семејната куќа во Мељине, во која бил со двете малолетни деца, сопругата и мајката.

Истакнуваат дека во него е пукано од снајпер.

Ова не е прв пат Вујиќ да е дел од црната хроника. Досега повеќе пати е пукано на него и секогаш успевал да извлече жива глава.

Минатата година напаѓач пукал на него од мотор и избегал.

Пред тоа е ранет при активирање експлозивна направа која била подметната под неговиот автомобил.

Еднаш дури и самиот се ранил, па сакал тоа да го заташка.

Коронавирус