вторник, 18. септември 2018. Вести денес: 117
home Регион

Црна Гора: За три месеци одземени половина тон лажен мед

Црна Гора: За три месеци одземени половина тон лажен мед

Црногорската Управа за безбедност на храна, ветерина и фитосанитарни работи за три месеци одзела над 500 килограми лажен мед од пазарот на таа земја.

Црногорските пчелари се жалат дека не можат во целост да се заштитат од трговците кои на пазарот продаваат лажен мед, со што ги мамат потрошувачите и прават голема штета на државата.

Од Управата наведуваат дека одземениот мед на е штетен по здравјето, туку проблемот е во тоа што потршувачите го купуваат медот како лек, поради специфичните нутритивни својства, а во случаите каде е утврдено дека наместо мед бил ставен шеќерен сируп, тоа не го добиле.

„Согласно Законот за безбедност на храна, пропишани се казни во износ од 500 до 20.000 евра за правно лице и во износ од 150 до 6.000 евра за претприемачи“, наведуваат од црногорската Управа.