среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 44
home Регион

Црна Гора во јануари очекува до 50.000 заболени коронавирус

Црна Гора во јануари очекува до 50.000 заболени коронавирус

Педијатарот Небојпа Кавариќ вели дека до крајот на јануари во Црна Гора ќе има и до 50.000 заболени од коронавирус.

Посочува дека сите како општество придонеле бројките да бидат големи.

-И Бог се прекрстил кога видел што правиме. Мислам на сите, и она граѓаните и на оние кои носат одлуки. Сите направивме бројот на заболени да биде толкав. Едноставни проекции велат дека до крајот на јануари бројот на заболени ќе биде од 40.000 до 50.000, вели Кавариќ

Наведува дека овие бројки ќе бидат товар за здравствениот систем, но и дека мора да има јасни и синхронизирани епидемиолошки мерки.

Коронавирус