четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 204
home Регион

Црна Гора речиси еден месец нема нови случаи на ковид-19

Црна Гора речиси еден месец нема нови случаи на ковид-19

Црна Гора веќе 28 дена нема официјално регистрирани нови случаи на ковид-19. А од 24 мај во оваа земја нема повеќе активни случаи на новиот коронавирус.

За точно 68 дена, од првиот регистриран случај на ковид-19 во Црна Гора, земјата се избори да нема ниту еден активен случај.

Од почетокот на пандемијата во Црна Гора без регистрирани вкупно 324 лица со ковид-19, од кои 315 оздравеа, а девет лица починаа.

Министерот за здравство на Црна Гора, Кенан Храповиќ, вели дека ваквиот успех се должи на заедничката грижа за јавното здравје, меѓу здравствените работници и граѓаните.

Парламентарни избори 2020