среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Регион

Црна Гора: Премиерот Кривокапиќ не планира да поднесе оставка

Црна Гора: Премиерот Кривокапиќ не планира да поднесе оставка

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ изјави денеска дека нема да потклекне пред притисокот на лидерите на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, чија листа ја предводеше на парламентарните избори, кои бараат од него да се повлече од премиерската функција.

– Преземав обврски и одговорност и нема да потклекнам пред првиот предизвик, изјави Кривокапиќ за подгоричкиот дневен весник Дан, нагласувајќи дека на Црногорците им треба подобар животен стандард, правда и подобра иднина и дека не им требаат лидери кои се откажуваат.

Владата на Црна Гора е во криза откако во Парламентот беше усвоена Резолуцијата за Сребреница, а министерот за правда Владимир Лепосавиќ беше разрешен по предлог на Кривокапиќ поради оспорувањето на геноцидот во Сребреница.

Дел од владејачкото мнозинство, предводено од просрпскиот Демократски фронт, тогаш одлучи да го бојкотира Парламентот, наведувајќи дека нема да поддржи ниту еден предлог на Владата. Во исто време, лидерите на тој политичкиот сојуз, Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, кои се блиски до српскиот претседател Александар Вучиќ, го обвинија Кривокапиќ преку медиумите во Црна Гора и Србија за предавство на Србите и Српската православна црква.

Одговарајќи на обвинувањата на лидерите на ДФ дека тој е предавник, Кривокапиќ им порача дека има одговорност само кон народот на Црна Гора, а наскоро ќе се знае што изневерија челниците на ДФ.

Коронавирус