петок, 24. септември 2021. Вести денес: 127
home Регион

Црна Гора: Поради Ковид-19 „згаснаа“ речиси 21.000 работни места

Црна Гора: Поради Ковид-19 „згаснаа“ речиси 21.000 работни места

Во Црна Гора, на крајот на мај 2021 година, имало 56.385 невработени регистрирани во Заводот за вработување или речиси 21.000 повеќе отколку на денот на прогласувањето на корона епидемијата – 14 март минатата година, кога имало 35.429.

Ако се споредат податоците од мај минатата година и мај годинава, бројот на невработени се зголеми за 14.191 лице, од ланските 42.194 лица на 56.385 лица, додека стапката на невработеност се зголеми од 17,89 проценти на 24,3 проценти, пишува Побједа.

„Според официјалната статистика, најголем пад на бројот на вработени е забележан во активностите на трговија на големо и мало и поправка на моторни возила и мотоцикли. На крајот на 2019 година, во овие активности имало 39.834 вработени, додека на на крајот на 2020 година имало 34.922 регистрирани вработени “, изјави за Побједа, заменик генералниот секретар на Унијата на независни синдикати на Црна Гора, Ивана Михајловиќ.

Таа додаде дека токму во тие активности има најмногу договори за вработување на определено време, кои не се продолжени на значителен број вработени поради пандемијата со Ковид-19.

Коронавирус