среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Регион

Црна Гора има најголем број на заболени од Ковид-19 во регионот

Црна Гора има најголем број на заболени од Ковид-19 во регионот

Црна Гора со 547 активни случаи на 100.000 жители има најголем број на заболени лица со Ковид-19 во регионот, па и пошироко, објави црногорската новинска агенција МИНА.

Со 547 активни случаи на 100.000 жители Црна Гора има речиси трипати повеќе заболени лица од Босна и Херцеговина, која е на второ место во регионот.

Црна Гора има и најголем број на заболени лица на болничко лекување на 100.000 жители. Додека во Црна Гора хоспитализирани се 44 лица, во Северна Македонија нивниот број изнесува 16, во Хрватска – седум и во Србија пет лица се на болничко лекување на 100.000 жители.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ЕЦДЦ), во Црна Гора во изминатите 14 дена регистрирани се дури 3.183 новозаболени на 100.000 жители, поради што земјата е во првите 20 најпогодени држави во светот со повеќе од 120 откриени случаи.

Коронавирус