недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Црна Гора го укинува полицискиот час за време на празниците

Црна Гора го укинува полицискиот час за време на празниците

Министерството за здравство на Црна Гора донесе одлука за укинување на полицискиот час од 22 до 5 часот наутро, за време на претстојните Божиќни и новогодишни празници.

Со новата наредба на Министерството за здравство, полицискиот час нема да биде на сила во периодите од 22 часот на 24 декември до 5 часот на 25 декември; од 22 часот на 31 декември до 5 часот на 2 јануари 2021 година и од 22 часот на 5 јануари до 5 часот на 7 јануари.

Како што се наведува во изменетата наредба на црногорското Министерство за здравство, забраната за меѓуградски сообраќај за време на викендите останува на сила од петок во 22 часот до понеделник во 5 часот наутро.

Коронавирус