четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Регион

ЦРКВИ И КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА: Тлото во соседна Грција не престанува да се тресе од минута во минута (ФОТО)

ЦРКВИ И КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА: Тлото во соседна Грција не престанува да се тресе од минута во минута (ФОТО)

Откако пред околу еден час земјотрес ја стресе грчката област Лариса, на социјалните мрежи веќе се појавија фотографии од оштетени домови, згради и цркви.

На дел од фотографиите се гледа како црква во близина на потресот буквално е срамнета со земја, додека оштетени се и многу други домови и градби.

Потресот според официјалните податоци беше со јачина од 6.2 степени по рихтер, а беше почувствуван и во Македонија, како и во главниот град.

Освен тоа истиот беше почувствуван и во Бугарија и Албанија, а според официјалните информации тлото се уште се тресе и тоа речиси на секој неколку минути.

Коронавирус