четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Регион

Ципрас: Животот на граѓаните со Владата на Мицотакис потсетува на Survivor

Ципрас: Животот на граѓаните со Владата на Мицотакис потсетува на Survivor

Секојдневието и живот на граѓаните со Владата на Мицотакис веќе потсетува на Survivor. Кој ќе преживее, кој ќе издржи, порача лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас од Солун додавајќи дека „ова не може да продолжи“, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас се осврна на, како што рече, два до четири пати повисоките цени на струјата, на „бензинот што се искачи на речиси 2,5 евра, инфлацијата стигна до двоцифрен број, над 10 отсто“ и ги повика сите демократски и прогресивни граѓанин, особено сите оние кои ја поддржаа СИРИЗА, младите луѓе, „да стават крај на овој кошмар“.

Грчката опозициска партија СИРИЗА в недела ќе одржи избори за претседател и членови на централниот комитет.

Кандидат за лидер на партијата, е актуелниот претседател Алексис Ципрас, без противкандидати. (МИА)

Коронавирус