недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 20
home Регион

Ципрас попладнево ќе побара од Павлопулос предвремени парламентарни избори

Ципрас попладнево ќе побара од Павлопулос предвремени парламентарни избори

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, попладнево од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос ќе побара распуштање на Парламентот и објавување предвремени парламентарни избори, што ќе се одржат на 7 јули, јави дописничката на МИА од Атина.

Час и половина по средбата со Павлопулос, односно во 20 часот по локално време, Ципрас ќе ја претстави програмата на СИРИЗА за следните четири години.

Грчкиот премиер, одлуката за предвремени парламентарни избори ја донесе откако СИРИЗА загуби со голема разлика од Нова демократија на европските избори пред две седмици.