петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 59
home Регион

Ципрас побарал од Ердоган да се ослободат грчките војници

Ципрас побарал од Ердоган да се ослободат грчките војници

Грчкиот премиер Алексис Ципрас имал телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за да му честита за победата на вчерашните избори, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, станало збор и за двајцата грчки војници кои од март се во затвор во турскиот град Одрин, откако поради лошите временски услови залутале и влегле нелегално на турска територија.

– За време на разговорот, премиерот ја истакна потребата за итно ослободување на двајцата војници кои без обвинение се во затвор во Турција веќе 3,5месеци, потенцирајќи ја важноста што ова прашање ја има за нашите односи, соопштуваат од кабинетот на Ципрас.

Исто така, станало збор и за поблиска соработка на двете земји во рамките на ЕУ-Турција, а Ципрас и Ердоган се договориле да се видат на маргините на Самитот на НАТО во Брисел.

МИА

Коронавирус