среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 123
home Регион

Ципрас на Лезбос: Да немаме договор работите би биле полоши

Ципрас на Лезбос: Да немаме договор работите би биле полоши

Грчкиот премиер Алексис Ципрас го бранеше контроверзниот договор помеѓу ЕУ и Турција за мигрантите, во обид да го олесни гневот на грчкиот остров Лезбос, каде се сместени речиси 9.000 бегалци и мигранти.

– Ако не ја имаме оваа рамка (договор), работите би биле трипати полоши, рече Ципрас за време на посетата на Лезбос.

Тој зборуваше за договорот ЕУ-Турција од 2016 година, кој значително го ограничи приливот на мигранти од Турција, но илјадници баратели на азил останаа блокирани во Лезбос и други грчки острови, предизвикувајќи гнев на нивните жители.

– Пред три години, 4.000-5.000 луѓе доаѓаа секој ден, рече Ципрас, но исто така призна дека условите се „многу тешки за мигрантите и за жителите”.

Лезбос има околу 86.000 жители, а стотици илјади мигранти и бегалци поминаа оттаму пат кон Европа.

Пристигнувањето на Ципрас во Лезбос, каде што зборуваше на конференцијата, беше проследено со демонстрации на околу 2.500 граѓани и генерален штрајк.

По завршувањето на протестот, група од околу 80 лица (најверојатно радикални десничари) ја нападнаа полицијата и сакаа да стигнат до објектот каде што се одржа обраќањето на Ципрас. Полицијата во одговор употреби солзавец. Откако беа спречени, се упатиле кон канцеларијата на СИРИЗА, и биле нападнати и новинарски екипи.

Според грчки медиуми, полицијата привела две лица.

МИА

Локални избори 2021