вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 35
home Регион

Ципрас ја прифати оставката на Каменос од позицијата министер за одбрана и ќе побара гласање доверба на владата

Ципрас ја прифати оставката на Каменос од позицијата министер за одбрана и ќе побара гласање доверба на владата

По повлекувањето на Панос Каменос од коалициската влада, грчкиот премиер Алексис Ципрас набргу ќе побара доверба од Парламентот, ова го соопшти Ципрас по завршувањето на средбата со лидерот на Независни Грци, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изјава по средбата, Ципрас рече дека Каменос поднел оставка од позицијата министер за одбрана, а тој ја прифатил. И додаде дека ќе ја прифати и секоја друга оставка од редовите на Независни Грци.

Нов министер за одбрана ќе биде началникот на Генералштабот, Евангелос Апостолакис.

МИА

Коронавирус