Шефик Џаферовиќ, Жељко Комшиќ и Милорад Додик се новите членови на Претседателството во Босна и Херцеговина, така велат резултатите од изборите кои беа одржани вчера во оваа джрава.
Сепак, она што е посебно интересно е што на ливчињата на овие избори се најдоа многу имиња надвор од политиката, посебно од светот на спортот.
Така граѓаните на БиХ и оваа година предложија интересни имиња кои можеби би сакале да ги видат на нивната политичка сцена.
На едно ливче глас доби Лука Модриќ, додека пак на пиедестал од тројца најдобри на истото ливче, на прво место се најде Мохамед Салах, на второ место Лионел Меси, додека пак трет е Кристијано Роналдо.
На едно од гласачките ливчиња запишан е и најдобриот тим на Милан во 21 век. Таму се: Дида, Кафу, Неста, Стам, Малдини, Пирло, Гатузо, Сидорф, Кака, Инзаги и Шевченко.