понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 35
home Регион

Четворица починати до западнонилска треска во Грција

Четворица починати до западнонилска треска во Грција

Од почетокот на сезоната, заклучно со вчера, од западнонилска треска во Грција починале четири лица, на
возраст од над 80 години, а 35 се заразени, според податоците на националната организација за јавно здравје, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.

Националната организација за јавно здравје, во седмичниот извештајот пишува дека е веројатно и очекувано во следниот период да се појават и нови случаи.

Од 2010 до 2018 во Грција биле регистрирани вкупно 988 случаи, починале 134 лица, најголемиот број на смртни случаи имало лани (50), а во 2015 и 2016 воопшто не бил регистриран случај со заразен со вирусот,
jави дописничката на МИА од Атина.

-Случаи со заразени со вирусот Западен Нил кај луѓе и животни се забележани во различни делови на земјата во годините 2010 – 2014 и 2017 – 2018 година, во скоро сите региони. Ова укажува дека вирусот Западен Нил веќе континуирано постои во нашата земја, како и во други европски земји, пишува во извештајот на грчката Национална организација за јавно здравје.

МИА