недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Регион

Четиримесечно бебе почина од мали сипаници во Албанија

Четиримесечно бебе почина од мали сипаници во Албанија

Бебе од четири месеци во Албанија почина поради компликации од мали сипаници, пренесува Алсат-М.

Детето лежело десет дена на одделот во универзитетската болница „Мајка Тереза“, во Тирана.

Извори од Институтот за јавно здравје во Албанија, за локалните медиуми, изјавиле дека бебето имало белодробни проблеми, што ја влошила неговата здравствена состојба, што резултирало со смрт.