вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Регион

Честитката на Дуа Липа за денот на независноста на Косово предизвика хаос на Инстаграм

Честитката на Дуа Липа за денот на независноста на Косово предизвика хаос на Инстаграм

Една од најпопуларните поп-пејачки во светот, Дуа Липа, на Инстаграм го честиташе Денот на независноста на Косово. Британската поп-ѕвезда, сопственик на мега хитот „New rules”, која по потекло е од Приштина, во главниот град на Косово живеела до својата 15. година.

-Среќен роденден Косово. Се надевам дека заедно ќе прославиме многу годишнини. Пријатно време на овој прекрасен ден. Горда сум што сум Албанка. Се гледаме подоцна оваа година, пишува Дуа.


Објавата на 22-годишната пејачка предизвика вистинска бура од коментари од нејзините српски обожаватели кои ја осудија Липа за оваа објава.

Планирано било Дуа Липа да пее на прославата на денот на независноста на Косово, а според некои информации побарала дури 200.000 евра. Сепак изборот падна на Рита Ора, која исто така е од Приштина, и која се согласила да одржи бесплатен концерт на плоштадот „Мајка Тереза” во Приштина.

 

Локални избори 2021