понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 80
home Регион

Чартер лет од Стокхолм за Родос и покрај забраната за директни летови од Шведска

Чартер лет од Стокхолм за Родос и покрај забраната за директни летови од Шведска

Чартер лет од Стокхолм за грчкиот остров Родос предизвика реакции во Грција, со оглед на тоа дека до 15 јули се забранети директните летови од Шведска, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, неофицијално било најавено дека во летот, кој добил специјална дозвола за слетување, на Родос пристигнуваат новинари и претставници на туристичкиот оператор „ТУИ“, за да ја видат ситуацијата на островот, меѓутоа, телевизијата „Мега“ објави дека сепак, поголемиот број од патниците биле туристи.

Министерот за туризам на Грција Харис Теохарис за „Мега“ објаснува дека за летот добил специјална дозвола да слетување на Родос, 30-40 отсто од патниците навистина биле новинари и туристички работници, но морало да биде исполнет за да полета.

-Не постои никаков прекршок. Дозволата за летот беше дадена од грчката Влада за конкретните причини, објасни Теохарис.

Вчера, како што објави МИА, во Грција имаше реакции и за таткото на британскиот премиер Борис Џонсон, 80-годишниот Стенли Џонсон, кој најде начин, преку Бугарија, да слета во Атина, бидејќи до 15 јули важи забраната за директни летови од Велика Британија во Грција.

-Не е забрането да дојде некој турист од Шведска или Велика Британија, тоа е прашање поврзано со европското право, не правиме дискриминации во однос на националноста. Она што привремено е забрането се директните летови. Турист од Шведска или Велика Британија може да дојде во Грција преку друга земја, рече министерот за туризам на Грција Харис Теохарис за ТВ „Мега“.

Во иста насока беше и објаснувањето на портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на вчерашниот брифинг со новинарите, кој рече дека забраната важи за директни летови, а не за британски државјани кои преку друга земја дошле во Грција.

Коронавирус