петок, 29. јули 2022. Вести денес: 112
home Регион

Централна банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 проценти

Централна банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 проценти

Силната ценовна криза услови Централна банка на Албанија повторно да ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 отсто и таа сега изнесува 1,25 проценти, што е втора интервенција годинава, за да ги ублажи нагорните ценовни притисоци преку монетарната политика.

Гувернерот на централната банка, Гент Сејко изјави дека последиците од војната во Украина веќе се материјализирале со зголемување на инфлацијата, забавувајќи ги стапките на раст на албанската економија.

– Надзорниот одбор на Централна банка на Албанија оцени дека високите нивоа на инфлациски притисоци се примарен ризик за одржливиот и долгорочен раст во земјата. Поради оваа причина, во согласност со нашата цел за стабилност на цените, Надзорниот одбор одлучи да се зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, од нивото од 1,0 отсто на ниво од 1,25 проценти; да се зголеми еднодневната каматна стапка на кредитот за 0,35 процентни поени, од 1,9 отсто на 2,25 проценти; како и зголемување на еднодневната каматна стапка на депозитите за 0,15 процентни поени, од 0,1 на 0,25 отсто, изјави Сејко.

Тој најави дека инфлацијата ќе достигне врв во третиот квартал од годинава.

– Очекуваме инфлацијата да достигне максималното ниво во третиот квартал годинава. Ја чекаме ажурираната бројка за месец јуни, останува да видиме. Изненадувачки се бројките во овој период што економиите се соочуваат со последователни кризи, истакна Сејко.

Според него инфлацијата, што во мај изнесуваше 6,7 проценти, се очекува да се врати на целта на банката во првата половина на 2024 година.

Коронавирус