понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 96
home Регион

Цела Србија денес гледаше во зелената наметка на стаклениот ковчег на патријархот Иринеј- откриено нејзиното значење

Цела Србија денес гледаше во зелената наметка на стаклениот ковчег на патријархот Иринеј- откриено нејзиното значење

Српскиот патријарх Иринеј, кој почина на 91 година, денес е во стаклен ковчег покриен со луксузна зелена облека, изложен на верниците на цветен претол.

Денес цела Србија го гледаше збогувањето со блажениот патријарх кој утре ќе биде погребан во криптата во Храмот Свети Сава како прв патријарх на Српската православна црква што почива на тоа место.

Ковчегот со своите земски остатоци беше покриен со зелена облека и сите се прашуваа што значи таа боја.

Одежда, како што велат на руски јазик и на старословенски јазик, е свечена облека на православните свештеници во богослужба.Во историски и регионален контекст, истиот збор се користел за церемонијална облека на владетели, витези, кралеви и благородници.

Црковните облеки се со одредени бои, од кои секоја има посебно значење.

Зелената боја е симбол на надеж за вечно блаженство, стекнато преку заслугите на Исус Христос и дарот на Светиот Дух.

Коронавирус