понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 73
home Регион

„Бурни води“ во Пиранскиот залив: Словенечки рибари ги добија првите казни од Хрватска

„Бурни води“ во Пиранскиот залив: Словенечки рибари ги добија првите казни од Хрватска

Словенечки рибари ги добија првите казни од Хрватска пoради навлегување во Пиранскиот залив, во води кои Хрватска ги смета за своја територија, јавија словенечки и хрватски медиуми.

Рибарот Силвано Радин изјави за словенечки медиуми дека денеска му стигнале шест казни, секоја од по речиси 2.000 евра. Во една од казните тој е обвинет дека ловел риби за комерцијални цели во „хрватски територијални води“.

Освен Радин, уште неколку словенечки рибари добија налози да платат казни.

Хрватската полиција соопшти дека 11 казни се испратени до словенечки рибари.

Словенечката полиција првите казни ги испрати до хрватски рибари на 26 јануари поради илегални преминувањa на морската граница.

Коронавирус