недела, 9. мај 2021. Вести денес: 106
home Регион

Бугарските социјалисти го поддржаа Румен Радев за втор претседателски мандат

Бугарските социјалисти го поддржаа Румен Радев за втор претседателски мандат

Националниот совет на Бугарската социјалистичка партија одлучи да ја поддржи претседателската двојка Румен Радев и Илијана Јотова за втор мандат со 122 гласа „за“, ниту еден против и девет воздржани, јави дописникот на МИА од Софија.

Членовите на Националниот совет формираа работна група за комуникација со претседателската двојка за формулата за нејзино номинирање, иницијативниот комитет и политиките што ќе ги бранат Радев и Јотова.

Групата за комуникација ќе биде предводена од лидерот на БСП, Корнелија Нинова и ќе вклучува високи претставници на раководството на партијата, меѓу кои и Кристијан Вигенин, поранешен министер за надворешни работи во времето на премиерот Пламен Орешарски, во периодот 2013-2014 година.

БСП ќе ги одобри политиките развиени од Извршното биро, кои ќе бидат предмет на разговори помеѓу работната група и претседателската двојка за нејзиниот втор мандат.

Додека раководството на БСП имаше состанок, младинската организација на БСП скандираше за оставка на Корнелија Нинова.

Коронавирус