недела, 1. ноември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Бугарскиот претседател во работна посета на Грција

Бугарскиот претседател во работна посета на Грција

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска е во работна посета на Грција, а ќе се сретне со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис , јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од кабинетот на Радев, на средбите, се очекува да бидат разгледани перспективите за натамошен развој на билатералните односи меѓу двете земји, да стане збор за трговско – економската и инвестициската соработка, за ЕУ прашањата, како и за регионалната соработка на Балканот.

За време на посетата, бугарскиот претседателот ќе одржи предавање пред Европската организација за јавно право на тема „Универзални човечки вредности и владеење на правото: Столбови на европскиот развој“.

Коронавирус