среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 196
home Регион

Бугарскиот претседател Румен Радев во самоизолација 

Бугарскиот претседател Румен Радев во самоизолација 

Претседателот на Бугарија, Румен Радев оди во самоизолација поради контакт со заразен со Ковид-19, јавија бугарските медиуми.

Делегацијата што ја предводеше тој се врати предвреме од посетата на Естонија. Заразениот со кого бил во контакт бугарскиот претседател е новиот началник на ВВС на Бугарија, генерал Димитар Петров.

Последниот јавен настан каде беа присутни Радев и генерал Петров беше во петокот на празникот на ВВС на таа држава. На него беше присутен и министерот за одбрана на Бугарија, Красимр Каракачанов. (МИА)

Коронавирус