четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Регион

Бугарскиот претседател бара итна и безусловна оставка од Борисов

Бугарскиот претседател бара итна и безусловна оставка од Борисов

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска побара премиерот Бојко Борисов веднаш да поднесе безусловна оставка, јави БГНЕС.

– Предлозите на премиерот не треба воопшто да се коментираат. Ги повикувам сите оние кои се грижат за иднината на Бугарија да не паднат во стапицата на Борисов, рече Радев, при неговата посета на крајбрежниот град Варна.

По пристигнувањето на Радев во Варна, дошло до мал судир меѓу приврзаниците на владејачката партија и демонстрантите против владата. Полицијата интервенирала и ги раздвои луѓето.

– Вие ја браните државноста во Бугарија, им им се обрати претседателот на насобраните антивладини демонстранти.

– На премиерот очигледно не му се допаѓа како ја уништи земјата во последните 10 години и сака да му дадеме можност повторно да ја уништи. Тој сака да ја земе целата земја како заложник за негово сопствено опстојување на функцијата, рече Радев..

Според шефот на бугарската држава, целта на нацрт-уставот поднесен од ГЕРБ денеска не е да се зборува, корупција, беззаконие, административно рекетирање. Тоа е целта на Борисов. Ваквата тешка криза на доверба не може да се лекува со Големото национално собрание. Излез не е Големото национално собрание, туку оставка, категоричен е Радев. Тој истакна дека парламентот ја исцрпел легитимноста и довербата.

– Тоа треба да биде на дневен ред, една единстствена точка – итнаа и безусловна оставка, изјави Радев.

Коронавирус