понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Бугарски пратеник е позитивен на Ковид 19, можно е затворање на парламентот

Бугарски пратеник е позитивен на Ковид 19, можно е затворање на парламентот

Пратеник во бугарскиот парламент е позитивен на Ковид 19. Станува збор за пратеникот од редовите на партијата Движење за права и слободи Хасан Адемов. Поради него, сите пратеници ќе треба да бидат тестирани.

Како што изјави претседателката на парламентот Цвета Карајнчева, направена е организација и во текот на утрешниот ден сите пратеници ќе бидат подложни на тестирања во две здравствени установи во Софија.

Таа истакна дека откако ќе бидат познати резултатите од тестирањето, односно за максимум 48 часа, ќе биде одлучено дали ќе се затвори Парламентот.

Коронавирус