петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Регион

Бугарија од понеделник се затвора за патниците од овие земји заради коронавирусот

Бугарија од понеделник се затвора за патниците од овие земји заради коронавирусот

Бугарија од понеделник, 26 јули, се затвора за патниците-странци кои ќе пристигнуваат од Холандија, Малта, Андора и Грузија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на бугарските државјани кои пристигнуваат од овие земји, како и на лицата со постојано жителство во нив и членовите на нивните семејства, дозволен ќе им биде влез во земјата само со негативен тест за Ковид-19, без разлика дали биле вакцинирани или не, се предвидува во новата наредба на бугарскиот министер за здравство.

Во Црвената зона од минатата недела се и Велика Британија, Шпанија, Кипар и Кувајт.

Влегувањето во црвената зона значи дека Бугарија не дозволува посети од овие земји, освен доколку не станува збор за бугарски државјани и лица со статус на постојан, долгорочрн или продолжен престој во земјата и на членовите на нивните семејства. Во овие случаи, не е важно дали некое лице е вакцинирано – мора да покаже негативен PCR за влез во Бугарија. Можно е тестот да се замени со 10-дневен карантин и да се откаже доколку се прикаже негативен тест за PCR во рок од 24 часа по собирањето.

Бугарија им дозволува на туристите од Русија да влезат со негативен PCR тест, без рзлика дали биле вакцинирани, иако, како што забележаа тамошните медиуми, приморскиот град Бургас пред неколку дена се врати во жолтата зона поради зголемувањето на новите случаи со зарази, додаде дописникот на МИА од Софија.

Коронавирус