среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Регион

Бугарија ќе купи борбени авиони Ф-16

Бугарија ќе купи борбени авиони Ф-16

Народното собрание на Бугарија го отфрли ветото на претседателот Румен Радев за набавка на борбени авиони Ф-16 за Военото воздухопловство.

За отфрлање на ветото гласаа 128 пратеници, додека 73 беа против. За потврда за купување на авионите беа доволни 121 глас.

Расправата траеше околу два часа, а опозицијата претежно не се согласуваше со условите за купопродажниот договор, сметајќи ги за непрофитабилни за Бугарија. Беше нагласено дека не постои гаранција дека договорите ќе бидат испочитувани на време и во рамки на проектираниот буџет, како и дека не постојат механизми за меѓународна арбитража, туку само можност за тужба во САД.

Според владејачките партии, договорите со САД се стандардни како и за другите држави кои ги купувале тие авиони со кои, како што беше посочено, ќе бидат заштитени стратешките интереси. Тие сметаат дека со Ф-16 ќе се зголеми и авторитетот на државата.

По одбивањето на ветото за набавка на авионите претседателот е должен да ја потпише ратификацијата на договорот, кој ќе стапи на сила по објавување во службен весник.

 

Коронавирус