петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Бугарија ќе купи 14 беспилотни системи

Бугарија ќе купи 14 беспилотни системи

Бугарското Министерство за одбрана распиша тендер за набавка на 12 мини и два мали беспилотни системи (УАС) помеѓу 2020 и 2024 година со вкупна проценета цена од 12,66 милиони евра, вклучително и данок на додадена вредност.

За набавката на системите одобрени се 5,51 милион евра, што овозможува набавка на три системи годишно во 2020 и 2021 година, со натамошна набавка по два годишно во периодот од 2022 до 2024 година.

Системите што ги бара Министерството за одбрана треба да имаат беспилотно летало со тежина помала од седум килограми и да бидат опремени со оптоелектронски систем кој содржи ТВ-камера во боја и термална камера.

Повикот за поднесување понуди е испратен на адресите на 24 локални и меѓународни компании.

Крајниот рок за доставување на понудите до Министерството за одбрана во Софија е 13 февруари.