сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 79
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Регион

Бугарија ја продолжи вонредната епидемиолошка состојба

Бугарија ја продолжи вонредната епидемиолошка состојба

Привремената бугарска Влада денеска одлучи да го продолжи рокот на вонредната епидемиолошка состојба во земјата, од 1 до 31 август 2021 година, јави дописникот на МИА од Софија.

Бугарија се наоѓа на седмото место во светот според смртност од Ковид-19 и е 67-ма по 14-дневна смртност.

Во возрасната класификација на случаите меѓу населението се забележива намалување на инциденцата во сите групи, иако во последните неколку дена има зголемување на 14-дневната инциденца кај лица под 39 години и постарите од 90 години.

Како што објавија бугарските власти, до 18 јули во земјата со прва доза на вакцина против Ковид-19 биле покриени само 18,1 отсто од населението, а целосно ревакцинирани се – 16,2 отсто, што земјата ја сместува на последното место меѓу земјите на ЕУ.

Властите во Бугарија имаат за цел да го задржат регистрираниот пад на инциденцата во земјата, како и да го подготват јавниот здравствен систем за одговор на можниот нов пандемиски бран на Ковид-19. (МИА)

Коронавирус