недела, 11. април 2021. Вести денес: 0
home Регион

Бугарија избори: По 87 отсто пребројани гласови ГЕРБ-СДС во водство

Бугарија избори: По 87 отсто пребројани гласови ГЕРБ-СДС во водство

Со обработени 87,61 процент од гласачките ливчиња, Централната изборна комисија во Бугарија соопшти дека коалицијата ГЕРБ-СДС има 26,07 проценти од гласовите на изборите за 45-то Национално собрание.

Партија „Има таков народ“ – 17,91 процент; „БСП за Бугарија“ има 14,96 проценти од гласачките ливчиња, „Демократска Бугарија“ – 9,63 проценти; ДПС – 9,97 проценти, „Исправи се! мафијата надвор!“ – 4,81 процент; ВМРО – 3,57 отсто гласови.

ГЕРБ и БСП ги задржуваат своите традиционални демографски профили за гласачи. Тоа е според студијата на Галуп Интернешнл. Структурата на гласачите за ГЕРБ е близу до генерализираната структура на гласачите воопшто, со послаба застапеност на турската етничка група. Тринаесет отсто од гласачите, кои се идентификуваат како Турци во Бугарија ја поддржаа партијата на Бојко Борисов.

Од своја страна, БСП останува добро поддржан од постарите лица, кои, сепак, според првичните проценки, овојпат гласаа во помала мера. Според Галуп, ова може да се должи на вирусот, но и на некои проблеми на БСП. Друг фактор е општата политизација на младите групи по летните протести.

Меѓу најмладите гласачи, победник е „Има таков народ“. Партијата на Слави Трифонов беше поддржана главно од оние кои гласаа на претходните избори за ГЕРБ, како и од не-гласачите, претежно млади луѓе, како и оние кои гласаа со „Јас не поддржувам никого“, т.е. типичното протестно гласање.

Дваесет и седум отсто од гласачите на „Исправи се…“, се поранешни гласачи на БСП, наведува Галуп.
Гласачите на Демократска Бугарија се со највисок образовен статус и социјален стандард. Во просек од 43 отсто од сите гласачи со високи и вишо образовение за ДБ гласале 78 отсто.

Коронавирус