среда, 22. септември 2021. Вести денес: 0
home Регион

БУГАРИЈА: Граѓаните да се воздржат од патувања во Грција, Кипар и Турција

БУГАРИЈА: Граѓаните да се воздржат од патувања во Грција, Кипар и Турција

Поради сложената епидемилошка ситуација и високите стапки на морбидитет на 100.000 луѓе пријавени во последните 14 дена во земји блиски до Бугарија, бугарското Министерство за здравство им препорачува на своите граѓани да се воздржат од непотребни патувања во Грција, Кипар и Турција.

Со оглед на динамичната состојба во врска со ширењето на коронавирусот, Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат воведените анти-епидемиски мерки за физичка дистанца, честа дезинфекција и носење заштитна маска за лице.

Министерството за здравство посочува дека летната сезона е исклучително погодна за вакцинација против Ковид-19, Бугарија се уште е во „зелената зона“ во однос на ширењето на коронавирусот, обезбеден е пристап до четирите вакцини одобрени од ЕУ и секој граѓанин можат да направи сопствен информиран избор без оглед на статусот на здравственото осигурување, пренесува БГНЕС.

Вакцините штитат од тешка болест и хоспитализација. Тие се единствениот ефикасен и безбеден начин да се заштитиме себеси и нашите сакани, наведуваат од Министерството.

Коронавирус