сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 21
home Регион

Брутално злосторство во соседството: Почина бебе кое таткото го фрлил на под

Брутално злосторство во соседството: Почина бебе кое таткото го фрлил на под

Деветнаесетмесечно бебе, кое се здобило со тешки повреди откако таткото, 24-годишниот М.С. после кавгата со мајката на неговата сопруга, со сета сила го фрлил на под, им подлегнало на повредите во Детската болница во Белград.

Бруталното злосторство се случило кон средината на февруари во селото Памбуковиц, откако таткото се искарал со мајката на неговата сопруга, па бесот го истресол наводно на ќеркичката, која тогаш имала само 15 дена.

За жал, девојчето после една година од трагедијата сепак подлегнало на повредите.

Било на апарати, но состојбата се повеќе му се влошувала. Срцето почнало побавно да чука, а докторите сториле се што е во нивна моќ.

Таткото веднаш бил уапсен, а во судот се бранел дека бебето случајно му паднало од раце. Се товари за семејно насилство, а за тоа кривично дело му се заканува казна од 2 до 10 годиони. Бидејќи девојчето починало, му се закануваат 15 години затвор.

Како што пишуваат српските медиуми, родителите на М.С. дошло на повојница кај родителите на неговата невенчана сопруга. На мајката на М.С. ѝ пречело тоа што шпоретот на дрва премногу чади и дека бебето не може да живее таму, што ја испровоцирало мајката на неговата сопруга Славица, па тие двете почнале расправија.

М.С. рекол дека не може повеќе да живее таму и отишол по своето бебе, после што излегол надвор од домот и бебето го треснал на под.