четврток, 25. април 2019. Вести денес: 157
home Регион

Брутално ја претепа својата девојка Ивана, а сега судот бара само едно нешто- одлуката е нејзина

Брутално ја претепа својата девојка Ивана, а сега судот бара само едно нешто- одлуката е нејзина

Дваесет и четири годишниот Ѓорѓе Лацковиќ е уапсен на 12. март откако својата девојка, 22-годишната Ивана Филиповиќ брутално ја претепал во нивниот изнајмен стан во Нови Стан.

Основното јавно обвинителство во Нови Сад бара од Основниот суд во овој град продолжување на притворот за Ѓорѓе за уште 30 денови.

Обвинителството после сослушувањето поднело кривична пријава за насилство во семејство, а Основниот суд во Нови Сад му одредил притвор од еден месец, кој истекува утре.

Ивана се здобила со тешки повреди – пробиено белодробно крило, искршени 4 ребра, убодна рана на колковите и опекотени на рацете.

Нејзиниот татко Драган вели дека таа целосно закрепнала, но дека повремено има болки поради скршените ребра. Тој открива дека Ивана на суд ќе ја застапува адвокатка која таа ја ангажирала, но семејството нема да влијае на неа дополнително да го обвини Лацковиќ поради претепување и повредите кои ѝ ги нанел.

-Полнолетна е, сама нека одлучи што ќе преземе – рекол тој.