сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 98
home Регион

Бројот на загинати во Албанија сеуште расте, нова жртва

Бројот на загинати во Албанија сеуште расте, нова жртва

Почина уште една жртва од земјотресот во Албанија. Локалните медиуми пренесуваат дека станува збор за 20-годишна девојка, која неколку дена беше во кома. Откако таа им подлегна на повредите, бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди соседна Албанија се искачи на 51 лице.

Џесика Бисчику (20) требаше да биде пренесена на лекување во Италија, но поради тешката здравствена состојба, таа не можеше да патува и овој план не беше реализиран. Како што пренесе „Топ чанел“, таа имала доживеано силен удар во главата за време на земјотресот од 6,4 степени по Рихтер.

Освен Џесика, нејзината Мајка Розета и сестра ѝ се повредени, додека татко ѝ се наоѓа во добра здравствена состојба.

 

Коронавирус