сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 52
home Регион

Брнабиќ: Не знам што повеќе да направиме, состојбата со Хрватска е „бизарна“

Брнабиќ: Не знам што повеќе да направиме, состојбата со Хрватска е „бизарна“

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека состојбата со Хрватска по инцидентот при кој лидерот на радикалите и хашки осуденик Воислав Шешељ го газеше хрватското знаме, е се „побизарна“ и дека не знае што Србија повеќе може да направи.

– Состојбата е се побизарна изјави Брнабиќ кометирајќи го инсиситрањето на Хрватска, Србија јасно и недвосмислено да го осуди однесувањето на Шешељ, поради што хрватската парламентарна делегација и ја прекина посетата на Белград.

Таа нагласи дека е отворена за разговор и со надева дека хрватската делегација ќе дојде во нова посета, додавајќи дека Србија го нуди своето гостопримство.

– Јас им стојам на располагање за состанок, да продолжиме таму каде што застанавме, потенцира Брнабиќ.

„Дивеењето на Шешељ“ го коментираше и претседателката на српскиот Парламентот, Маја Гојковиќ, која за телевизија Пинк изјави дека „не може да го казни Воислав Шешељ за нешто што го направил пред Собранието, ниту пак има некокав доказ дека го сторил тоа“.

Таа потенцираше и дека и е жал што разговорите со претседателот на Хрватскиот сабор Гордан Јандроковиќ беа прекинати.

За темата „Шешељ“ и полемиката во Србија околу закажаниот митинг на радикалите во местото Хртковци во Војводина на 6 мај, се огласи и српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, кој изјави дека нема да биде дозволен каков било собир во Хртковци.

Тоа е прва конкретна реакција на државата по највата на Шешељ дека во ова место ќе одржи собир, исто како и пред 26 години, кога по неговиот говорот мнозинското хрватско население беше малтретирано и протерано од Србија, за што според правосилната судска пресуда во Хаг, тој е осуден за воени злосторства на 10 години затвор.

(Миа)

Коронавирус