вторник, 11. август 2020. Вести денес: 61
home Регион

Брнабиќ: Државата е силна, институциите работат, насилството нема да победи

Брнабиќ: Државата е силна, институциите работат, насилството нема да победи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека државата е силна, институциите си ја вршат својата работа и оти насилството нема да победи.

Во исто време, таа апелираше до граѓаните да не се собираат со цел да го зачуваат здравјето и да спречат уште поголеми бројки на заболени од коронавирусот, и истакна дека во моментов нема потешка борба освен со короната, а време за протести ќе има.

Српската премиерка исто така изјави дека бројките што се однесува до пациентите, утрово се малку подобри во однос на вчерашниот ден, но дека е далеку од тоа да биде под контрола.

Затоа, според неа, собирите се голем ризик.

– Секогаш има време за протести, а за борба против коронавирусот нема повеќе време, рече Брнабиќ.

Таа, исто така, истакна дека е предизвикана голема материјална штета за време на насилствата на протестите.

Во меѓувреме, директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ информира дека во текот на вчерашниот ден, на територијата на Белград биле уапсени 42 лица, поради разни инциденти извршени за време на демонстрациите претходните денови, а меѓу нив е и напаѓачот на новинарот на телевизијата Н1.

Тој за телевизија ТВ Прва изјави дека синоќешниот протест бил значително помалку насилен од претходните, а на крајот се случиле помали инциденти, поради што полицијата морала да интервенира.

Коронавирус